Денеска напладне кај Школката во скопскиот Градски парк, Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку социјалните мрежи по повод 19-годишнината од основањето на ДУИ.
Неколку дена во јавноста се шпекулира околу веста која ќе ја соопшти Ахмети. Медиумите излегоа со бројни информации, меѓутоа ниту една досега не беше потврдена.
Во ДУИ има завет на молчење, а сите детали ќе бидат обзнани од партискиот лидер Ахмети.