Ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2) , а на повисоките планини од снег.
Од вечерните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд.
Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 5, а максималната 12 степени.