Вчера по 18 часот во МВР е пријавено исчезнување на И.М (2004) во водите на Преспанско езеро.
Момчето од Ресен заедно со уште двајца капачи изнајмиле педалинка, која од непознати причини набргу се превртела во езерото, по што И.М не испливал на површина на водата.
Откако случајот го пријавиле на присутните на плажата скоро сите се впуштиле во потрага на исчезнатото момче за кој се претпоставува дека е удавено во езерските води, а во потрагата се пуштени и службите при МВР.
Сепак до денеска телото на момчето се уште не е пронајдено и извлечено од вода, а потрагата по Преспанското езеро е започната уште од рано наутро.
Извор: Канал5