Амазонското племе од селото Ќумаи во Еквадор, ги ослободи шестемина заложници, коишто беа заробени со барање – на мештаните да им се вратат посмртните останки на поглавицата. Тој пак, починал од Ковид-19 болеста.
Во четвртокот изминатава недела, двајца полицајци, двајца војници и двајца цивили беа заробени од домородците близу границата со Перу.
Началникот на полицијата, генерал Патрисио Кариљо потоа бил предводник на преговорите со заробувачите.
Водачот на племето починал од коронавирус, а бил погребан според правилата на здравствените власти. На крајот, останките сепак, му биле вратени на племето.
Доморосните племиња често може да бидат и непријателски настроени кон луѓе кои не се дел од нивната племенска заедница, а во историјата се забележани и случаи на морбидно измачување и канибализам.
Извор: sitel.com.mk