Уште долго светот ќе остане без вакцина против КОВИД19, Оксфорд го стопираше тестирањето на вакцината

1115
0

Последната фаза од клиничкото испитување на вакцината против ковид-19 која ја развива Универзитетот Оксфорд е прекината откако кај еден испитаник била забележана неповолна реакција.

Вакцината, која заеднички ја развиваат Универзитетот Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“, е една од водечките кандидати во светот.

Но, клиничкото испитување сега е стопирано поради случај на „необјаснета болест“, пренесува Би-Би-Си повикувајќи се на извори од „АстраЗенека“.

Компанијата го опишува привременото прекинување на испитувањето како „рутинско“.

Би-би-си наведува дека вакцината успешно ја поминала првата и втората фаза од клиничкото испитување и се очекуваше да биде меѓу првите вакцини што ќе се најдат на пазарот.

Третата фаза од истражувањето се спроведува на околу 30.000 испитаници во САД, Бразил, Велика Британија и Јужна Африка.

Ова е фаза на клиничко испитување на вакцината која обично се спроведува на илјадници испитаници и трае неколку години. Третата фаза на сите локации сега е паузирана.

Извор: Нова Македонија