Трамп ги игнорирал сите медицински препораки за заштита од корона вирус за време на кампањата.
Проценката на медицинскиот тим кој е ангажиран во кампањата на актуелниот претседател на САД – Доналд Трамп е дека тој вовел целосно небезбедна кампања.
Неговото игнорирање на здравствените мерки за заштита придонеле исходот да биде таков – Трамп да е заразен со смртоносниот вирус.
Според анализите на лекарите, тој спаѓа во ризична категорија на пациенти пред се поради тоа што има повеќе килограми од нормално за својата висина.
Засега, Трамп останува во Белата куќа и ќе ја паузира својата кампања, а неговата здравствена состојба во моментот е стабилна.
Извор: CNN