Тешко е да се прифати фактот дека е можно некој кој бил дел од вашиот секојдневен живот да е одговорен за проблемите со вашето ментално здравје и живот. Блискоста не тера да самите ние наоѓаме разни изговори за однесувањето на некои луѓе, многу често прифаќајќи и крајно несоодветно однесување како да е природно за некого и како да е неменлива карактеристика на некоја личност. Секако дека постои можност да е тоа вистина и да нема шанса да некоја личност си го промени однесувањето или односот кон вас, но тоа не значи дека вие треба да сте заглавени во улога на примател на ваков однос.
Вие сте одговорни за вашиот живот, и во целост ја контролирате вашата среќа, и покрај тоа што можеби во моментов не можете да се снајдете и да управувате со ова. Вие сте единствената личност која има контрола врз вашето психичко здравје, благосостојба и доколку вие продолжите со толеранција на токсичните луѓе околу вас и ги толерирате и деструктивните личности, можеби е време да ги пресечете тие врски и да започнете нов и пристоен живот, фокусирајќи се на работите кои навистина вредат.
Токсичните луѓе се најчесто и лажговци, манипуланти, психички или физички насилници, озборувачи, луѓе кои не се двоумат да ги посрамат другите заради нивниот физички изглед или различност, бескрупулозни, не-етички, нарцисоидни и себични, во главно се тоа луѓе кои ве „трошат“ емоционално и полека ви ја земаат и последната трошка среќа. Според психо-терапевтката Ненси Ајрвин, токсичните луѓе се тие кои „се насилни, не ве поддржуваат во ништо и се емоционално нездрави – некој кој константно ве носи на надолен пат, никогаш на нагорен.’
Замислете само колку се нездрави тие токсични врски, каде едниот партнер е жртва. Некој кој е под константен стрес и константно манипулиран на работа или растргнат од семејството се чувствува со емоционална празнина. И покрај тоа што токсичноста доаѓа во различни форми, крајниот резултат е секогаш ист, беспомошност, исцрпеност и најчесто чувство на безвредност.
Другите се тие што се безвредни а не вие, Тие не ве заслужуваат.
Можеби на почетокот ќе ви изгледа непрактично, но најпрактично е да ги прекинете врските со луѓето кои уживаат да ве повредат и омаловажуваат. Ако сте решени да постигнете внатрешен мир, морате да ги пренасочите мислите, фокусот и енергијата подалеку од луѓето што ја бришат вашата среќа.
Не е важно дали се семејство. Не треба да постои поголемо заедништво, од она што го имате самите со себе. Ако се откажете одвнатре од нечија трајна злоупотреба и се дистанцирате од злобно однесување, нема да им остане ништо друго на другите освен да ве остават на мира, така што вие треба да се грижите за вашата благосостојба по секоја цена.
Не можете да го дадете она што го немате. Не можете да правите нешто што не чувствувате. Не постои начин да имате разумни односи со другите, ако вие се мразите самите себе си.
Ако проблемот ви се нарцисоидни родители или браќа и сестри кои ве прават да се чувствувате како тотален неуспех, имате право да ги прекинете и да се фокусирате на она што ве прави среќни. Вистинско семејство е оној што нуди поддршка, стабилност, љубезност, топлина, љубов и што е најважно, луѓе кои не поттикнуваат да станеме подобри верзии од самите нас. Ако вашето семејство или пријатели го прават спротивното, вие ќе го спасите животот одржувајќи ги на растојание.
Ако сте заглавени со себични пријатели кои во секое време се обидуваат да ве манипулираат, најверојатно нема да можете да ги достигнете вашите потенцијали за кои сте способни. Овие луѓе не заслужуваат да бидат во вашиот живот затоа што тие само ве искористуваат, и ако не се оддалечите подалеку од нив, тие никогаш нема да престанат да ви ја цицаат вашата енергија.
Што е со нарцисите? Неприродно егоистични луѓе кои постојано копнеат со внимание и со своето живеење ги прават другите да се чувствуваат како пониска каста. Длабоко некаде, нарцисите се скршени луѓе кои самите тие се воздигнуваат над другите за да тие самите се чувствуваат подобро за себе. На овие луѓе не смее да им се дозволи да продолжат да ги мачат сите околу себе. Најлошиот кошмар на еден нарцис е кога некој ќе им се спротивстави и ќе ги открие за она што тие навистина се. Како и обично, тие ќе се обидат да бидат во центарот на вниманието глумејќи ја жртвата. Но не дозволувајте да ве измамат повторно. Бидете решителни да поставите растојание помеѓу себе и ваквите ликови.
Манипулатори, хронични лажговци и потпалувачи
Овие луѓе се експерти во претворање на другите во сопствени сенки. Тие би можеле да ве одведат во лудило со бескрајни лаги и ментална тортура, во основа да ве натераат да се сомневате во реалноста за која секогаш сте знаеле дека е вистинска.
Накратко, токсичноста на човекот се менува. Овие личности би изеле во вашата душа и среќа, и останува само прашање на време пред да бидете потполно подложни на нивните желби.
Фокусирајте се на луѓето кои ве прават среќни
Лицето кое заслужува да биде во вашиот живот не е нужно оној кој секогаш ви кажува што сакате да го слушнете или да ве поддржува кога не сте во право. Во реалноста, ваквите луѓе се повеќе штетни отколку корисни.
Луѓето кои навистина се важни во вашиот живот се оние луѓе, кои кога ќе помислите на нив измамуваат насмевка на вашето лице. Луѓе за кои со возбуда ја очекувате секоја средба, и уживате во секоја средба, и сакате да ги направите среќни по секоја цена и тие би го направиле истото за вас. Ова се луѓе кои го сочинуваат системот на основна поддршка и кои се во кругот на ваши вистински пријатели.
Дружете се со нив, минете го секое слободно време со ваквите луѓе. Споделете ги вашите проблеми со нив и слушнете ги нивните проблеми. Смејте се со нив, плачете со нив, растете и живејте со нив.
Кога ќе се најдете опкружени со луѓе со кои минувате квалитетно време, кои ве прават среќни, ќе немате време за токсични врски.