Вчера белградската полиција го пронајде распарчениот труп на еден човек во стан во Глогоњски рит во близина на Белград.
Мислеа дека ова е уште еден случај на човек кој умре сам, заборавен од сите, но потоа го пронајдоа неговиот ментално болен син кој, откако почина неговиот татко, немаше што да јаде, па преживеа јадејќи го месото на неговиот татко, според наводите на српските медиуми.
Имено, според првите сознанија од истрагата, мажот е мртов најмалку седум дена, а засега не е познато како починал. Хоророт во Глогоњски рит е откриен поради неподносливата смрдеа која со денови се ширела од станот, поради што соседите повикале полиција и пожарникари.
Кога полицијата влегла во станот, имало крв од сите страни, а во една просторија на креветот лежело распарчено тело. Како што велат, синот се скрил, а кога го нашле, се чинел дека е целосно изгубен и запоставен, се наведува.
Полицијата наскоро утврдила дека момчето не може само да оди во продавницата и дека, кога починал неговиот татко, тој останал без храна, но тој не излегол од станот. Итно е пренесен на Клиниката за инфективни болести, каде ќе бидат направени сите потребни тестови.
Телото на починатиот е испратено до Институтот за судска медицина, каде ќе се утврдат точните причини за смртта.
Извор: Alo.rs