Во Словенија повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски во градинките.
Учениците од основните и средните училишта, за време на нивните часови, како и наставниците кои предаваат на деца до трето одделение, исто така ќе бидат ослободени од ова правило.
Според владината одлука донесена синоќа, наставниот кадар во средните училишта и на факултетите нема да има обврска да носи заштитни маски, под услов да одржуваат предавања зад паравани.
Условно ќе биде и носењето заштитни маски кај наставниците кои предаваат на ученици од четвртто одделените и во повисоките одделенија во основните училишта, како и меѓу вработените во средните училишта, доколку не можат да одржат растојание од најмалку два метра.
Извор: Сител