На денешен ден унгарско-американскиот инвеститор Џорџ Сорос полни точно 90 години.
Сорос е имигрант од Унгарија, кој во време на Втора светска војна се отселил од Унгарија и заминал во Америка каде почнал да го живее „Американскиот сон“.
Останува мистерија за сите како еден имигрант во Америка успеал да се збогати толку многу, а одговорите на Сорос биле дека тој во својот живот работел се, а на почетокот продавал и сувенири и рани добра покрај плажи во Америка.
Џорџ Сорос често инвестира и пари во Македонија, но и во други земји од Источна Европа кои се врзани за различни проекти кои го стимулираат концептот на „отворено општество“.
Сепак името на Џорџ Сорос во јавноста фигурира како не толку омилено име, а на негова сметка се припишуваат многу контроли и промени во земјите од Источна Европа.
Во САД, Џорџ Сорос неколку пати ја подржа хампањата на Хилари Клинтон во трката за претседател со тоа што и донираше голема сума на пари за водење на кампањата.
Извор: Википедиа