Претседателот Стево Пендаровски вечерва донесе нова одлука за вонредна состојба на територијата на целата држава во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.
Во соопштението од Кабинетот на претседателот се наведува одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Корона вирусот прогласена од Светската здравствена организација.
Вонредната состојба од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, се наведува во соопштението, и е донесено решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули.
По постигнатиот политички договор, претседателот Пендаровски очекува институциите навремено да ги преземат сите активности.
Извор: telma.com.mk