Пораст на активното население во земјава се бележи во изминатиот период од 10 години.
Статистиката покажува дека лани имало 964.014 работоспособни граѓани што е за 35.239 повеќе во споредба со 2009 година.
Најголем дел се вработени во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, земјоделството и градежништвото.
Речиси во сите сектори во последните три години има зголемување на бројот на вработени, освен во земјоделството.
И понатаму мажите се побројни на работните места во споредба со жените, иако се бележи зголемување на стапката на вработеност и кај жените од 8,7 процентни поени.
Извор: Сител