Поради епидемијата предизвикана од КОВИД19 на сила е забрана за поголеми собири, меѓу кои и свадби.
Инспектори од Државниот пазарен инспекторат синоќа биле во контрола на седум објекти каде се одржувале свдабени веселби и покрај забраната поради коронавирусот.
Една од свадбите се случувала во Струга, две во Тетово и четири во Скопје.
– За субјектите кои организирале свадби ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство – велат од Владата.