Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.
Без негативен ПЦР тест македонските државјани ќе може да ги минуваат границите со овие држави од опкружувањето.
Одлуката беше донесена на денешната Седница на Влада откако претходно беше доставен предлог од Кимисија за заразни болести.
Експертите го дадоа предлогот откако направија детална анализа за ризиците за патување во овие држави, кои во овој период не се опасност по здравјето на граѓаните.