Големо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.
Студијата објавена во медицинското списание покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот.
Групен имунитет се постигнува кога доволен дел од населението односно околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење. Според Европскиот центар за контрола на болести во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега.
Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложен на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење што ја прави идејата за постигнување на колективен имунитет преку природна зараза неостварлив.
Ваквите испитувања во пракса кај нас покажаа дека двете пециентки од Куманово кои имаа прележан корона и имаа антитела по само два месеци повторно се заразија од истиот вирус.
Не само што антителата од озравувањето не помагаат во зголемување на отпорноста и имунитетот на организмот во борба против корона вирусот, туку и многу често второто заболување остава посилни последици врз веќе еднаш исцрпениот организам од борбата со вирусот.
Од СЗО апелираат на превенција и здравствена заштита како единствено решение да се застане на патот на ширењето на пандемијата.
Извор: kanal5.com.mk