Денеска ќе биде најтоплиот ден во споредба со другите во текот на неделава.
Врмето ќе биде претежно сончево со умерена облачност и натпросечно топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец низ цела територија на Македонија.
Минималната дневна ќе биде 13 степени, а максималната дневна температура ќе достигне 30 степени во Скопје и регионот.
Извор: УХМР