дома информација вест Маж убил 80 годишник затоа што го предупредил да носи маска во...

Маж убил 80 годишник затоа што го предупредил да носи маска во затворена просторија

941
0

Еден човек е обвинет за смртта на 80-годишен старец кој почина минатата недела, во болница во округот Ери.

Доналд Левински (65) се соочува со обвинение за кривично дело несовесно убиство на Роко Сапиенца, објави во понеделникот окружниот правобранител во округот Ири, Фајон Флин.


Сапиенца, наводно, се спротивставил на Левински во еден бар во Западна Сенека во близина на Бафало, Њу Јорк на 26 септември за тоа како разговарал со вработените во барот и за тоа дека не носел маска.


Кога Левински се вратил во кафеаната, тој наводно го турнал Сапиенца на земја.


По што Сапиенца бил пренесен во медицинскиот центар во округот Ери, каде што им подлегнал на повредите на 30 септември, рече Флин.

Извор: CNN