20 годишен пациент од болницата „8-ми септември“ по две недели боледување, денеска ја напушти болницата.
Тој е еден од шесте пациенти во светот кој Ковид 19 му направил тешко воспаление на мозокот и ја добил битката со опасниот вирус. Момчето дошло во болницата со невообичаена клиничка слика за Ковид 19.
Момчето било лекувано со терапија која била спроведена во консултација со болници од странство каде имале ваков случај. На последниот преглед се покажало дека состојбата е одлична.
Зачудувачки податоци за корона вирусот е тоа што во неколку случаи се откри дека тој ги напаѓа апсолутно сите органи во телото и дека не е само белодробно заболување.
Ретки се случаите каде што КОВИД19 предизвикува и менингитис, но случајот со 20 годишното момче во Македонија е посебен случај во медицинската пракса.
Доктор Несторовиќ, член на стурчното телото при владата на Србија, пред неколку дена при свое гостување во Утринска програма откри дека новата мутација на вирусот сега повеќе ги напаѓа младите пациенти за кои на почетокот се веруваше дека се отпорни на вирусот и не спаѓаат во ризичната група на граѓани.
Секое искуство во медицината со КОВИД19 е ново и различно, што само укажува на тоа дека вирусот е голема непознаница на медицинскиот свет.
Извор: kanal5.com.mk / novosti.rs