дома животен стил Зошто е потребно да го местите својот кревет откако ќе станете од...

Зошто е потребно да го местите својот кревет откако ќе станете од спиење:

1014
0

Местењето кревет веднаш по станувањето е една од основните навики на педантните и организирани луѓе.

Совен поради изгледот и воспоставување на визуелна организација и ред, местењето на вашиот кревет има и други значајни придобивки.

Пред се придобивки кои се однесуваат на здравје:

Додека го местите креветот забележувате дали постелнината и перниците се чисти

Во текот на спиењето може да се почешате на место каде што ве каснал комарец и да си пуштите крв. Во спиењето тоа нема да го забележите, а нема да го забележите и доколку наутро не ја исправите постелнината и забележите дамка.

Местење на креветот е и преглед на степенот на чистота на вашата постелнина по што одлучувате дали треба итно да се замени со нова чиста.

Спиење во чиста постелнина е пола здравје бидејќи учествува во содржината на воздухот што го дишете во текот на целата ноќ од иста просторија.

Туркање на слоевите од прашина

Кога ги исправате постелнината, покривката и перницата правите мало тресење со што го отстранувате слојот на прашина од нив.

Тој слој на прашина кој се наоѓа во непосредна близина на вашите дишни патишта може да предизвикува алергија. Инаку повече од 80% од прашината во домовите се создава од изумрени човечки клетки.

Исправање на подлогата за спиење

Ако не го наместите креветот ќе имате нерамна подлога за спиење која може да ви направи линии по кожата или болја во грбот.