Претседателката на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“, Зорана Костовска раскажува пред ММС.МК дека поради правните лавиринти во кои се наоѓа куќата на Есма Реџепова, оставена од самата неа, како оставштина на Македонија, таму се случува невиден хорор.
„Куќата пропаѓа, забот на времето го прави своето, кое, пак, е надополнето со неколку кражби. На последната, петта по ред, се одело до таму да, па крадците откорнале делови од прозорците и алуминиумот се продава за ситна пара. Прозорците се испокршени. Мебелот е распарчан, веројатно крадците барале пари. Уметничките слики од Есма се искршени, дел од купатилото е запалено. Страшен неред и смрдеа излегува од куќата. Крадците вршеле нужда внатре.“
Есма Реџепова беше прогласена за кралица на романската музика и културен амбасадор на Македонија ширум светот.
Нејзиниот живот го обележаа многу хумани дела, како на пример грижа и одгледување на многу деца кои беа посвоени од страна на Есма и Стево Теодосиевски.
Есма Реџепова доби и национална пензија како скромно признание за нејзините заслуги, но денеска нејзините дела се оставени на сквернавење и непочит.
Целата вест на tribuna.mk може да ја прочитате тука