Денеска училиштата во Косово и Албанија ќе започнат со работа.
Одлуката за почеток со работа на училиштата беше донесена од страна на министерствата за образование и наука во консултација со стручни лица.
Наставата ќе се одвива под посебни протоколи, а и двете држави имаат предвидено алтернативи во случај на затворање на некое од училиштето поради случаи на корона вирусот.
Министерствата на владите на Косово и Албанија најавија дека се обезбедени услови за далечинско учење и дека се подготвени за одговор на сите можни сценарија.
Извор: Сител