Мигрантите кои до 31 декември 2019 година пристигнале и престојуваат на грчките острови Лерос, Самос, Лезбос, Кос и Хиос од понеделникот можат да се пријават за доброволно враќање во нивната земја на потекло и да добијат финансика помош од 2.000 евра.
Програмата за доброволно враќање на 5.000 баратели на азил во нивните земји е финансиски поддржана од Европска Унија, а процесот на пријавување започна во понеделникот и ќе трае 30 дена, со можност да се продолжи за уште еден месец, доколку нема доволен број пријавени.
Финансиската помош од 2.000 евра, како што соопшти Министерството за миграција и азил на Грција, не важи за оние кои се од безбедни трети земји како што се Гана, Сенегал, Того, Гамбија, Мароко, Алжир, Тунис, Албанија, Грузија, Украина, Индија и Ерменија.
Мигрантите останаа заробени на грчките острови по појавата на епидемијата предизвикана од КОВИД19 и целосно затворање на скоро сите гранични премини низ Европа.
Извор: Сител