Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.
На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер, при што источниот дел на Македонија ќе биде зафатен со засилен дожд и грмотевици.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 12, а максималната дневна температура во Скопје ќе достигне – 24 степени.
Извор: УХМР