дома информација вест Владата го овласти минситерот за здравство да потпише договор за набавка на...

Владата го овласти минситерот за здравство да потпише договор за набавка на вакцини против КОВИД19

917
0

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за набавка на безбедни и ефективни вакцини против корона вирусот.

Вакцините треба да бидат потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, Македонија треба да изготви барање за пристап до вакцини.

Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС.

Министерот во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства.