Денеска ќе се забележи благ пораст на максималната дневна температура, во споредба со изминатите денови.
Времето ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.
Утринската температура во Скопје и околината ќе изнесува 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени.
Извор: УХМР