Регулаторна ги објави новите цени: Дизелот поскапува за 3,5 денари по литар
Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која сè уште не објавена на нивната веб-страница, новите максимални цени на горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ, 24 март, ќе изнесуваат 95,5 денари по литар за ЕВРОДИЗЕЛ, 86,5 денари за литар ЕУРОСУПЕР 95, потоа 88,5 денари за литар ЕУРОСУПЕР 98, за екстралесно масло за домаќинствата ќе чини 92 денари за литар, а мазутот ќе се продава за 47,61 денари по килограм.
Реалната цена за еден литар дизел гориво на македонските бензински пумпи се покачи за 45 отсто од почетокот на 2026 година, главно благодарејќи на нападите на Израел и САД на Иран по што цените на нафтата на светските берзи доживеа вртоглав раст.
Еден литар дизел во Македонија на 6 јануари годинава се продаваше за 64,5 денари, а од вечерва на полноќ на најголем дел од бензинските пумпи ќе се продава за 95,5 денари по литар, односно по 93,3 денари со вкалкулирано намалување од страна на најголемиот добавувач во земјава, ОКТА. Ова намалување е предвидено да трае до крајот на месец март, освен ако во меѓувреме не се договори ново.














