дома животен стил Факти за комарците што досега не сте ги знаеле

Факти за комарците што досега не сте ги знаеле

1110
0

Само комарците кои се исхрануваат со човечка крв касаат. Тоа се само женските комарци кои откако ќе се исхранат со човечка крв снесуваат јајца за разможување.

-Од 30 до 300 јајца произведува женски комарец откако ќе се напие човечка крв. Машките комарци се исхрануваат со овошни сокови и нектарина.

Кого најмногу касаат комарците?

Комарците најмногу ги касаат луѓето кои се испотени бидејќи тие шират специфична миризба што ги привлекува комарците.

Истражување за комарци покажало дека луѓето кои пијат пиво се „најатрактивни“ за комарците токму пораци специфичниот мирис што го шири пивото.

Бремени жени поради зголемена телесна температура се попривлечни за комарците поради зголемената телесна температура во бременоста.

Луѓето кои носат темна облека се почесто каснувани од комарци отколку луѓето кои носат светла облека, а најмалку комарците се собираат на бела облека.

Како да се заштитите од комарци?

За комарците е тешко да се најде конечно решение. Но еве неколку совети што да преземете за да се „спасите“ од убод на комарец:

  • Не престојувајте до вода која не истекува

Комарците најмногу се собираат околу мочуришта и води кои не истекуваат. Затоа престојот во близина на такви води ќе ве направи „мета за комарци“.

Доколку во домот имате вода која стои подолго време, треба често да ја менувате со свежа вода (на пример во вазна). Комарците поретко се собираат околу свежа вода.

  • Носете долги ракави и светла облека

Ако сакате да се заштитите од комарци носете облека со долги ракави и светли панталони. Комарците не се собираат на светла облека и им е отежнат пристапот до кожа кога телото е покриено со облека.

  • Користете дезодоранси и парфеми со интензивни мириси

Природниот мирис ги привлекува комарците, додека козметички мирис и парфем ги одбива. Ако престојувате во средина каде што има комарци „маскирајте“ го природниот мирис и на тој начин ќе станете помалку примамливи за досадните крвопијци.