Една од најкоментираните теми во последните неколку дена е одлуката за менување на изгледот на Универзална сала.

Дискусија се водеше околу тоа дали станува збор за реконструкција или за дислоцирање на Универзална сала.

Реконструкцијата ја подржаа голем број од граѓаните, а тој проект е предвиден уште пред неколку години.

Она што ја разгневи македонската јавност е веста за дислоцирање на Универзална сала, што би значело рушење на постојниот објект и градење на сосема нов објект кој би ја немал истата историска и симболична вредност како Универзална.

Универзална сала е изградена со донација по земјотресот и претставува една од најпознатите обележја на Скопје.

Спомени на многу генерации се изградени токму во Универзална каде што се одржувале најдобрите концерти во изминатите децении.

За „Мој збор“ двајца познати архитекти од Македонија ја коментираат одлуката на Општина Центар и град Скопје поврзана со Универзална.

Од разговорите откриваме дека станува збор за реконструкција на Универзална сала, а не целосно нејзино дислоцирање. На повидок е уште еден проект кој предвидува градење на друга сала со можност за концерти и настапи на отворено (летна сала), но Универзална нема да престане да се користи и биде во функција.

За „Мој збор“ М.З. – архитект кој работи и живее во Скопје истакна дека се е поттикнато политички и дека локалните власти знаат дека Универзална сала е вратана во ГУП што значи дека нема законски можности за рушење на Универзална сала.

Нема никакво рушење само реконструкција. Во Карпош има нова локација за концертна сала. Се ова е само медиумски спинувано. Конкурс за летна сцена кој е анкетен и необврзубачки. – истакна нашиот соговорник

Побаравме уште едно мислење на архитект кој не живее и работи во Македонија.

Според Д.Б. Универзална сала има огромна сентиментална вредност за многу генерации, но таа е во многу лоша состојба и е пред целосно пропаѓање, што значи дека ќе мора да се најде некое решение за лошата состојба во која се наоѓа Универзална заради континуирано долгогодишно неодржување.

Мене лично и верувам дека многу генерации пред и после мене имаме огормна сентиментална поврзаност со тој објект. Сум ги гледал таму најдобрите џез концерти и други неброени манифестации. Во естестка форма објектот е навистина модерен ако се земе во предвид времето кое изгаден, и кореспондира со тоа време а воедно не навраќа на една безвремена совршена форма као Пантеон во Рим.

Нашиот соговорник истакна и дека и покрај тоа што станува збор за модерен објект изграден по земјотресот, неговото сведоштво говори дека идентични згради се применуваат и за други намени. Пред неколку години се сретнал со идентичен објект во Софија кој бил наменет за одржување на циркус односно била циркуска сала.

За жал во Македонија безброј објекти се оставени да пропаѓаат, многу постари и културолошки повредни. Не гледам дека некој реагира околу тоа. Поновите објекти изградени после земјотресот се истотака многу битни и треба да бидат ставени под заштита и да се зачуваат. – Додаде Д.Б.

Ставовите на двајцата архитекти во голема мера се разликуваат, особено поради тоа што ја менуваат целосно концепцијата за одлуката на Општина Центар за Универзална која беше презентирана во медиумите и која наиде на мноштво реакции од страна на граѓаните.

Извор: Мој збор / фото: Миодраг Константинов