Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) се согласи да обезбеди 100 милиони дози вакцина против коронавирус „Спутник V“ на фармацевтската компанија во Индија „Лабораторија на д-р Реди“, објави фондот, пренесува „Танјуг“.
Договорот следуваше откако рускиот фонд постигна спогодба со индиските производители за производство на 300 милиони дози вакцина во Индија, која е главен корисник на руската нафта и оружје, пренесува „Ројтерс“.
Компанијата „Лабораторија на д-р Реди“ ќе ја спроведе третата фаза на клинички испитувања на вакцината во Индија, која треба да добие регулаторно одобрување, наведува РДИФ.
Иднија засега се наоѓа во голема опасност бидејќи пандемијата беснее, а здравствениот систем нема доволно услови да ги згрижи сите заболени од КОВИД19.
Руската вакцина се испорачува како гест за заштита на индиското население од корона вирусот а првите дози ќе бидат наменети за лекарската фела.
Извор: Нова Македонија