дома прашуваме други колумна Ние, луѓето од иднината

Ние, луѓето од иднината

175
0

Иднината е модус на временитост, временски навигатор, координатен систем во свеста според кој се структурираат појавите, настаните и нештата.

Во XX век со подем на модернизмот се појавил особен интерес кон иднината во литературата и уметноста воопшто, но и во филозофија и науката. Тој интерес произведува корпус од идеи кои учествуваат во создавање на суб-специјален правец на модернизмот – наречен „футуризам“.

Иако атрефактално и цивилизациски предизвикот кон „знаење“ на иднината се забележува во тој период, сепак факт е дека човекот отсекогаш имал потреба да знае што е иднината.

Древни цивилизации како што се цивилизациите од Истокот – кинеска, јапонска, индиска цивилизација во таоизмот и зен – будизмот имаат развивано цели техники за „гледање кон иднината“ – од хиеромантии (гледање на рака), на оклоп од желка и сл. И во нашата култура јасновидците се доста интегрирани. Познат е примерот на пророчицата Питија од Делфи која под дејство на сулфур што испарувал од топлински извори во близина, паѓала во транс и ја предвидувала иднината на луѓето кои доаѓале во храмовите.

Јасновидците се дел и од македонската традиција, а се чини дека до ден денеска ја немаат изгубено својата атрактивност. Па така „Баба Ванѓа“ стана еден од главните ликови на многу книги, филмови и приказни кои го реконструираат нејзиниот живот и „дело“.

Vision technology: the future in focus | ITS International

Погледот кон иднината во литературно творештво

Се чини дека погледот кон иднината секогаш будел некој страв поради мистериозното и непознатото како димензија на иднината. Утописките книги се познати во историјата на човечката мисла, но тие повеќе имаат карактер на желба и проекција отколку на претскажување. Па поради тоа и се доживуваат со помала доза на извесност и поголема доза на мечтта за разлика од дистописките книги кои се доживуваат далеку посериозно и застрашувачки.

Во однос на јасна слика за тоа што ќе се случува во иднината убедливо предничат дистопиите. Најпознатите дистопии на Орвел „1984“ и Хаксли „Храбар нов свет“ откриваат начин на живот на кој се повеќе наликува начинот на живот на денешните луѓе.

Постои тврдење дека ние го живееме животот кој некој го предвидел многу порано. Таква перспектива дека ние сме последица на нешто друго има во скоро секој дискурс – политички (теорија на заговор), религиски, па дури и научен дискурс. Човечкиот ум природно бара причина (објаснувачка варијабла) за секој настан во животот. Затоа се што е курентно се третира како последица на некој процес кој се случил во минатото и кој имал каузална врска со тој што се случува во сегашноста.

На пример ако денеска го имаме вирусот корона како актуелност на светско рамниште, тоа е затоа што е биолошко оружје, дел од некој светски заговор на фармацевтските компании, па дури и се наоѓаа книги од пред неколку децении кои предвидуваат сценарио како денешното.

Не случајно филмот „Контагиозност“ снимен пред скоро десет години стана најгледан филм токму во време на светска пандемија предизвикана со КОВИД19.

Ние буквално се враќаме во минатото и бараме записи кои би можеле да ги предвидат денешните настани, како би го оправдале нашето детерминистичко стојалиште што дава сигурност и бебедност. Многу е полесно да се потпрете на приказната дека сте дел од некој „мастер план“ и дека Бог се грижи за вашиот живот, отколку да имате убедување дека се на овој свет е чиста случајност што нема никаква смисла во некој Апсолутен ум.

Минатото не прави луѓе од иднината

Се вели дека се што ќе направиме во минатото има импликации врз нашата иднина. На пример индиското верување за постоење на карма значи дека она што го живееме денеска е чиста импликација на она што сме го направиле во минатото. Ние во сегашноста само ги собираме плодовите на она што сме го „насеале“ во минатото.

Исто така, концептот за метемпсихозис или селење на души што го застапува Платон во „Тимеј“ го има инкорпорирано сличното верување. Имено дека нашата душа прогресира или регресира, во зависност од тоа каков живот сме воделе. Ако заслужиме подобро, влегуваме во повисоко онтолошко скалило, ако сме заслужиле полошо следниот живот може да бидеме и пес.

И во христијнството има идеи за „Страшниот суд“ односно пресметка на тежината на сите наши постапки. Па се што правиме во текот на нашиот живот е само една конена отсечка која пред страшниот суд ќе добие својата вредност.

Во денешно време имате куп теории во популарна психологија кои ве учат на техники на дишење, вежби за привлекување на позитивна енергија или некој вортекс – да дадете нешто за да ви се врати нешто друго. Практично сега вие сте она што сте го вложиле вчера. И така во бесконечен круг.

Никогаш не се живее во сегашност, сегашноста е практично иднината на некое минато или е минато во однос на некоја иднина бидејќи ние исклучиво ја вртиме главата или кон минатото за да сфатиме зошто ова сегашност која на тоа минато му е иднина ни се случува, или пак ја вртиме кон иднината правејќи влогови кои за таа иднина која треба да ни се исплати ќе бидат минато.

Секој ден ни се случува иднина

Технолошкиот напредок е толку брз да нас секој ден ни се случува „нова иднина“. На пример нов модел на телефон, нова алатка, нова социјална мрежа, унапредена верзија на некој софтвер, нова машина, нов производ, иновација и сл.

Скоро и да нема ден да не се соочиме со презентирање на некој нов продукт од иднината бидејќи тој се претставува како нешто што ни доаѓа директно од таму и заменува нешто што досега било актуелно.

На пример ајфон 11 доаѓа директно од иднина и го заменува досегашниот застарен модел на ајфон 10. Со нештата кои ги користиме во сегашноста имаат се помалку вредност живеејќи во исчекување на нов производ кој ќе е унапредена верзија и кој ќе ни понуди нови и побогати перформанси.

Генерација на одземена иднина

Нам далечната иднина веќе не ни е предизвик. Ние живееме животи во кои немаме никакви замисли за тоа каква би ни била иднината. Делуваме како генерација што може да предвиди и се да држи под контрола.

На пример за нас како за древните цивилизации не е изненадување дождот, ние имаме метеролошки центри кои можат да направат прецизни мерења за тоа какво ќе е времето во наредните неколку недели.

Просто малку работи може да ни се случат спонтано, неочекувано или ние да не ги дочекаме со подготвени со предложен научен пристап за нивно решавање.

Наместо да се занимаваме со иднината, ние сме генерација која бесконечно го троши своето време во работи кои не произведуваат туку лекуваат досада и осаменост.

Во минатото луѓето го посветувале своето време во производство на столче (на пример) и тие имале конкретен продукт од својата работа. Денеска луѓето може да се занимаваат со производство на столче но тоа го прават само за да го пополнат своето време, да изблегаат од досада, да земаат плата и сл. Столчето не е важен производ сам по себе, туку тој е средство за нешто сосема друго.

Таквата перцепција создава мало ценење на работите кои ги имаме и придурање во нивната суштина, а ние сме целосно свртени само кон себе, кон сопствените потреби развивајќи нарцизоидни карактеристики и профили на луѓе егоисти со бесконечно долги албуми од селфи по социјалните мрежи.

Best 48+ Future Tech Wallpaper HD on HipWallpaper | Tech Wallpaper, iTech  Wallpaper and Logitech Gaming Wallpaper

Приватна иднина

Концептот на индивидуална иднина е сосема отсутен. Сите претстави за иднината се или апокалиптични или се однесуваат на дешавка насочена кон човештвото.

Индивидуалната иднина како концепт целосно се заборава и веќе никој не размислува за иднината самостојно, туку со помош на концептуални, јазични алатки, а тука големо влијание има и SC-FI жанрот кој се чини дека е се покатуелен.

Приватната иднина е загрозена и преку социјалните мрежи. Виртуелниот простор е вирален во поглед на ширење на одредена идеја (без разлика на нејзините својства, логички статус, вистинитост и сл). Ние постојано сме во одредена мрежа која е затворена и наместо да го користиме сопствениот ум за консеквентно излекување на заклучоци ние се потпираме на импликациите што ги достигнува самата мрежа.

На пример, се појавува „Твит“ – Денеска испив 2 литри вода. Коментарите и реакциите на твитот формираат различни заклучоци кои не се внатре контрола на умот на авторот на твитот. Наместо тој самостојно да извлече заклучок дали пиењето вода е добро за здравјето, кога е добро, што значи да се пие вода, тој само пушта во етер една изјава која се рефлектира во онолку различни огледала колку што твитот ќе добие „рич“ или „шер“.

Така се создаваат неавтономни мислители, кои порадо користат мрежи за вадење на заклучоци и импликации отколку сопствен ум и не е ни чудно што криза на идентитет е непосредна реалност за многу корисници на социјалните мрежи.

Истражувањата покажуваат дека корисници на социјалните мрежи кои поминуваат предолго време на нив патат од несоница, анксиозност, депресија, а голем е и степенот на самоубиствта.

  • Ние сме луѓе од иднината кои немаме иднина, додека сегашноста ни е иднина од некое минато, а минатото и историјата се демоде и пасе интересни сфери. Ние вусшност сме генерација која немаме време – немаме реално минато, не живееме во сегашност и не се интересираме за иднината. Тоа што немаме временитост не не прави бесконечни во однос на постоењето, туку во однос на течењето, на постојаното менување на „Панта реи“ и на Далиевиот часовник во кој времето се раствора во самото себе.

Магдалена Стојмановиќ

*Авторот е м-р по социолошки науки и дипломиран професор по филозофија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде