Еден од најконтроверзните ликови на македонската политичка сцена во моментот е Димитар Апасиев кој после изборниот резултат кој го толкува како голема победа на „Левица“ и остварување на нивните цели, почна да се огласува со пораки на својот фејсбук профил кои наидоа на низа реакции, пред се на осуда.
Апасиев изјави дека по добивање на две пратенички места во Собранието, тој и неговата партија веќе ќе почне да стрела.
Ова реторика беше шокантна за јавноста кој во неа препозна многу гнев, бес но и опасност што би можело да се случи доколку човек кој е способен за таква изјава има поголема моќ и власт од актуелнатата.
Апасиев денеска објави вест од „360 степени“ во кои е најавено дека против него е отворен предмет со кривична одговорност за контроверзните фејсбук статуси.
Над објавата Апасиев го искоментира следното:
А бе, уше нога у Собрание не пуштивме, одма со терор, а? 🙂
Хихихии. Срцки соросписки. Ја у политика сум нов, али у право сум ПРОФЕСОР. Немој мене со овие куршуми.
p.s. Никој не ме повикал нигде. Ако ме повика, ќе идам со задоволство и пак ќе ги победиме.
Со овој коментар Апасиев уште еднаш дрско и самобендисано одговори на сите обвинувања, па дури и на оние од надлежните институции најавувајќи дека ќе ги победи и дека за право е професор (без логично објаснување зошто тоа е напишано со големи букви?!).
Коментар на фејсбук статус на Димитар Апасиев – лидер на политичката партија „Левица“