На листата на најевтините земји се Македонија со 24,38 евра и Молдавија со 30,32 евра, што потврдува дека овој дел од Европа е особено привлечен за оние кои сакаат да уживаат во оброк по пристапна цена.
На спротивниот крај од листата, каде што вечерата во ресторан бара значително поголем буџет, се наоѓа Швајцарија. Просечната цена за вечера од три јадења за две лица во ресторан од средна категорија изнесува 107,24 евра.
Данска го зазема второто место според висината на цените, додека Луксембург е трет.
Најповолни земји во Европа за вечера во ресторан:
Македонија: 24,38 евра
Молдавија: 30,32 евра
Босна и Херцеговина: 30,75 евра
Србија: 38,34 евра
Најскапи земји во Европа за вечера во ресторан:
Швајцарија: 107,24 евра
Данска: 93,69 евра
Луксембург: 90,00 евра
Норвешка: 89,86 евра














