дома информација вест Франција го враќа „дигнитетот“ на животните – Забрана за играње на диви...

Франција го враќа „дигнитетот“ на животните – Забрана за играње на диви животни во циркус

829
0

Француската влада изрече забрана дивите животни да се користат во циркуските изведби.

Според министерката за екологија Барбара Помпили, дивите животни не би требало да се експлоатираат во такви цели кои задоволуваат „ниски страсти“ на публиката.

Француската министерка за екологија најави целосно менување на перспективата за значењето на дивите животни

Таа исто така најави забрана за одгледување на видри поради крзно и чување на делфини и орки во заложништво во морските паркови.

Водечките групи за заштита на животните го поздравија овој потег како историска победа и предложија Франција да се постави како позитивен пример во светски рамки за својот третман и однос на заштита кон дивите животни.

Извор: BBC