Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) даде одобрение за итни случаи за употреба на плазма за лекување на пациенти заболени со КОВИД19.
Техниката користи плазма богата со антитела од луѓе кои се опоравиле од оваа болест и веќе е применета на 70.000 луѓе во САД – во испитувања или за тешко болни.
ФДА вели дека првичните испитувања укажуваат дека е безбедна, иако потребни се повеќе за да се докаже ефективноста.
Неколку експерти ја доведоа во прашање стабилноста на студиите за неговата употреба.
Објавувањето се случи еден ден откако претседателот Доналд Трамп ја обвини ФДА за спречување на вакцини и терапевтици од политички причини и во пресрет на Републиканската национална конвенција, каде Трамп ќе ја започне својата кампања за освојување на втор мандат во Белата куќа.
Извор: BBC