Досега се уапсени двајца мажи, од кои едниот во полицијата изјавил дека тинејџерката имала секс со повеќе од 30 мажи таа ноќ, но дека сето тоа било на доброволна основа.
Уапсените мажи се обвинети за силување девојче додека таа била под дејство на опијати, а се претпоставува дека девојката пред силување била намерно дозирана со голема доза на опијати од страна на силувачите.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше повикувајќи ги сите одговорни за овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата, јавува Би-Би-Си.
Идентитетите на двајцата уапсени не се објавени, но локалните медиуми јавуваат дека се локални жители стари околу 20 години.
Извор: Канал 5