Пред неколку дена Радио Слободна Европа дојде до сознание дека во близина на Прешево се поставува жичана ограда.
Според навдите станува збор за проект на владата на Република Србија да ги спречи илегалните имиграции чија најголема инвазија е токму на границата со Македонија.
Додека во јавноста се шпекулираше дека ЕУ стои зад проектот за поставување на жичана ограда помеѓу Србија и Македонија, портпаролката на ЕК Писионеро ги демантираше тие наводи.
Таа истакна дека ЕУ помогнала парично на Србија и Македонија за време на првата мигрантска криза, но поставувањето на жичани огради не било дел од нивниот план.
Извор: МИА