Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека широко распространетата дистрибуција на вакцини за корона вирус не се очекува пред средината на следната година и ја истакна важноста на строгите проверки на нивната ефикасност и безбедност.
„Не очекуваме да видиме раширена вакцинација до средината на следната година“, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на прес-конференција во Џенева.
Харис рече дека третата фаза на тестирање на вакцините мора да биде подолга бидејќи е потребно да се види кој е заштитен ефект на вакцините и колку се безбедни. Портпарол на СЗО исто така рече дека засега „нема јасен сигнал“ од клиничките испитувања за тоа дали и колку е ефикасна и безбедна која било вакцина.
Харис додаде дека првата група на вакцинирани најверојатно ќе бидат здравствени работници и други лица од ранливи групи и дека се потребни две милијарди дози за таа фаза.
Таа исто така потенцираше дека е потребно да се разменат податоци за вакцините, да се споредат, да се применат на вистински начин и, од научна гледна точка, да се обезбеди соодветна стратегија покрај вакцините.
Извор: Novosti.rs