Истражувачите ја споредувале бројката на смртни случаи врз основа на базата на податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести со можниот број на луѓе кои би умреле доколку не беа воведени мерки за воведување на полициски час и ограничување на движењето.
Мерките за изолација воведени како резултат на ширењето на корона вирусот беа ефикасни во контролата на пандемијата на коронавирус и овозможија да се спасат 3,1 милиони животи во 11 европски земји, според студијата објавена денес од Империал колеџ во Лондон.
Студијата опфаќа големи мерки преземени во 11 европски земји, како што е забрана за јавни собири, преместување и затворање на продавници и училишта.
„Мерењето на ефективноста на овие мерки е важно со оглед на нивните економски и социјални последици“, наведуваат авторите.
Истражувачите ја споредувале бројката на смртни случаи врз основа на базата на податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести со можниот број на луѓе кои би умреле доколку не беа воведени овие мерки.
Заклучокот е дека преземените мерки овозможуваат да се спасат околу 3,1 милиони животи во набудуваните земји.
Написот објавен во списанието „Nature“ проценува дека мерките ја намалиле просечната стапка на репродукција на вируси за 82 проценти.
Истражувачите пресметале дека на 4 мај имало помеѓу 12 и 15 милиони луѓе заразени со вирус, што е во просек од 3,2 до четири проценти од населението, со значителни варијации во зависност од земјата.
Така, Белгија има најголема стапка на инфекција со осум проценти од населението заразено со вирусот, по што следат Шпанија со 5,5 проценти, Велика Британија со 5,1% и Италија со 4,6%. Во Франција е 3,4 проценти, додека во Германија со 710.000 заразени таа стапка е 0,85 проценти.
Авторите на студијата посочуваат дека е тешко да се процени влијанието на секоја од овие мерки поединечно, бидејќи тие биле воведени во краток временски период.
Сепак, тие заклучија дека мерките за изолација имаат големо влијание врз контролата на епидемијата.
Студијата ги опфати Германија, Австрија, Белгија, Данска, Шпанија, Франција, Италија, Норвешка, Велика Британија, Шведска и Швајцарија.
Извор: mondo.ba