СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од с.Ерџелија, Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни;
Делото е казниво по член 233 од Кривичниот законик, во врска со што се појави и видео на социјалните мрежи.
За настанот веднаш е известен надлежен Јавен обвинител, согласно член 280 и член 282 од Закон за кривична постапка, по чија наредба е извршен увид, а М.Е. е приведен и со него е извршен разговор.
По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.