Кирил Димитриев, инаку директор на рускиот фонд за директни инвестиции тврди дека времето ќе докаже дека руската вакцината е ефикасна.
Според него, отсуството на подршка од СЗО и други релевантни институции само потврдува дека „вакцината“ се користи меѓудругото и за политичко ривалство.
Во неговото интервју за „Гардијан“, Димитриев откри дека Русија нема намера да ја докаже својата супериорност во однос на други држави, туку дека вакцината е производ на потребата на Русите да го спасуваат светот која произлегува од нивниот менталитет.
Тоа е дел од рускиот менталитет за спасување на светот – вели Димитриев, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), во разговор за британскиот весник.