Компанијата објави дека Винтерплекс тестот препознава два гени специфични за ковид-19, како и гени кои детектираат грип од типот А и Б и респираторниот синситички вирус РСВ.
Овој тест е произведен во пресрет на најавите на епидемилозите дека ќе има втор бран на корона вирус кој ќе се измеша со сезонскиот грип.
Тестот ќе овозможи детектирање на корона вирусот и негово разликување од сезонски грип.
Со тоа ќе се олесни третманот на пациентите заболени со корона вирусот или заболени со сезонскиот грип, но и ќе се овозможи припишување на вистинска терапија.
Извор: Канал5