Бил Гејтс истакна дека вирусот ја продлабочи социјалната и економската нееднаквост во области како што се образованието, приходите и пристапот до здравствени услуги.
Пандемијата на вирусот корона го поништи напредокот во постигнувањето важни цели, како што е ставање крај на светската сиромаштија и глад до крајот на деценијата, рече основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, наведувајќи дека кризата предизвикана од вирусот го зголемила бројот на сиромашни луѓе во светот за 37 милиони!
Бил Гејтс, заедно со објавувањето на извештајот за глобалниот развој на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, рече дека вирусот ја продлабочи социјалната и економската нееднаквост во областите како што се образованието, приходите и пристапот до здравствените услуги.
Извештајот ги истакнува начините на кои КОВИД-19 предизвика економска штета и го уназади напредокот на многу цели за одржлив развој што Обединетите нации ги усвоија пред пет години, објави Ројтерс.
„Пандемијата не само што го запре напредокот, туку и го врати назад“, рече Гејтс.
Во 2015 година, членките на Обединетите нации едногласно усвоија 17 цели за одржлив развој, меѓу кои се и свет без глад и сиромаштија, но исто така и родова еднаквост и проширување на пристапот до образование и здравствена заштита. Според договорот, овие цели требаше да бидат постигнати до 2030 година.
“Целите на одржливиот развој претставуваат вредности за човештвото како целина. Пандемијата ја покажа важноста на целите. На крајот на краиштата, пандемијата ја влоши нееднаквоста од секој поглед”, рече Гејтс.
Во извештајот на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, основана од брачниот пар пред 20 години, се вели дека бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија се намалува во последните две децении, но кризата со коронавирус придонесе за уште 37 милиони луѓе. таквата состојба.
Извор : Still ;