Почнувајќи од вчера започна исплата на парите кои беа заробени во „Еуростандард Банка“.
Исплатата се вршеше на лица чиј штеден влог изнесуваше до 30.000 денари, останатите пари треба да се побараат во текот на стечајната постапка.
Нема да бидат обесштетени ниту оние штедачи коишто биле штедачи на управни и надзорни одбори на банката, акционери и оние кои што се сомнителни за секторот перење пари.
Во текот на вчерашниот ден можеше да се забележат големи редови пред ексозитурите и пред централната банка на „Еуростандард“.
Извор: 24.mk