дома информација вест Огромен скандал во МОН – испрана милионска сума на пари преку учебници...

Огромен скандал во МОН – испрана милионска сума на пари преку учебници и најава за нов криминал

2889
0

И ова година без тендер за набавка на учебници а преку постапка со преговарање (во четири очи) истата фирма од изминатите неколку години повторно се појавува како фирма преку која се „пере“ огромна сума на пари.

Се работи за издавачката куќа Арс Ламина која е регистрирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и која ги доби скоро сите тендери за печатење на учебници, стручни книги и сл. во тоа време.

Но и за време на владеењето на СДСМ, ова издавачка куќа успева да продолжи успешно да се занимава со сопствениот бизнис.

Според вработените во МОН кои алармираат на големо перење на пари преку издавачка дејност и учебници за школување, сегашната врска на Арс Ламина е штотуку заминатиот министер за образование Адеми од ДУИ.

Сопствениците на издавачката куќа се синот на поранешниот пратеник Голубовски, како и сопругот на поранешнта министерка за кулутра Елизабета Канчевска – Милевска.

За потсетување министерката Канчевска – Милевска во јавноста стана попозната како Бети Милионче бидејќи постоеше сомнение во јавност дека токму преку нејзиното дејствување како министер за култура се испрале многу пари во проектот Скопје 2014.

Таа исто така беше елиминирана од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи заедно со уште неколку колеги го подржа менувањето на уставното име.

Вработените во МОН исто така откриваат дека се подготвува одобрување на 2.000.000 евра за учебници по странски јазици од 2 до 9 одделение кои ќе бидат во издание токму на Арс Ламина.

Според наводите на вработените од МОН главна улога во овој нов криминал ќе имаат директорката на педагошката служба Вања Велева и претседателот на националната комисија за учебници – Константин Петковски, голема улога ќе игра и Башким Зибери како член на комисија за одобрување како и другите членови на комисијата – објавува ДОКАЗ.МК

Интересен е и фактот што секогаш исти професори даваат позитивно мислење и рецензираат учебник кој треба да помине.

Во прилог докази за сомнителната работа на МОН и АРС ЛАМИНА:

Фотографија на Zoran Bozinovski.
Фотографија на Zoran Bozinovski.