Уште десет лица во Мексико починаа како резултат на труење откако конзумирале фалсификувани пијалоци направени на база на метанол, со што бројот на смртни случаи се зголеми на 18, потврдија надлежните органи.
Властите во државата Гуреро на југот на Мексико соопштија дека 18 лица починале во планинската населба Тапа де Комонфорт, откако конзумирале пијалок сличен на текила од непознати производители.
Поради симптоми на труење, хоспитализирани се 16 лица, а четворица се во критична состојба.
Властите во оваа држава објавија дека пијалокот е означен како „дестилирана агава“, а од ова растение, слично на кактус, се добиваат текила и мескал.
Целата вест на sitel.com.mk може да ја прочитате тука