дома информација вест Корона вирусот сериозно го оштетува мозокот и ги нарушува когнитивните процеси

Корона вирусот сериозно го оштетува мозокот и ги нарушува когнитивните процеси

921
0

Главоболка, конфузија и делириум што ги доживеале некои од заболените со ковид-19 може да бидат резултат на директно продирање на коронавирусот во мозокот, според резултатите од студијата објавена вчера.

Истражувањето е прелиминарно, но обезбедува неколку комплети докази во прилог на досега непотврдената теорија.

Според истражувањето предводено од имунологот Акико Ивасаки од универзитетот Јеил, вирусот е способен да се размножува внатре во мозокот и неговото присуство одзема кислород од околните мозочни клетки, но степенот на појавата сè уште не е јасен.

Ендру Џозефсон, раководител на Одделот за неврологија на Универзитетот во Сан Франциско ,Калифорнија, ги пофали техниките што се користеле во истражувањето и рече дека е „исклучително важно да се утврди дали постои или не директно дејство на вирусот во мозокот“.

Извор: Канал5