дома информација Корона вирусот може да се задржи на банкнотите и телефоните до 28...

Корона вирусот може да се задржи на банкнотите и телефоните до 28 дена, а УВ зрачење го убива вирусот

897
0

Коронавирусот може да преживее на голем број различни површини многу подолго отколку што се сметаше порано, покажа неодамнешно истражување.

Корона вирусот може да преживее цели 28 дена, односно да ја задржи можноста од инфекција, на површините со кои секојдневно доаѓаме во контакт – мобилни телефони, банкноти и нерѓосувачки челик, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, некои експерти се скептични во врска со заканата од заразување преку различни површини во секојдневниот живот. Вирусот најчесто се пренесува со кашлање, кивање или зборување, потсетува Би-Би-Си.

Претходните студии покажаа дека вирусот може да преживее два до три дена на банкноти и стакло и до шест дена на пластика и нерѓосувачки челик.

Но, неодамнешното истражување на австралиската агенција ЦСИРО открива дека вирусот е „екстремно отпорен“ и ја задржува можноста за зараза до 28 дена на мазни површини, како што е стакло од кое се прават екраните на мобилните телефони и на банкнотите.

Истражувањето е направено при температура од 20 степени Целзиусови. За споредба, вирусот на грип може да преживее 17 дена во исти околности.

Експериментите биле спроведени во темница, бидејќи се покажа дека ултравиолетовото зрачење го убива вирусот.