дома информација Корона вирус е всушност корона вируси

Корона вирус е всушност корона вируси

1258
0

Во светските медиуми се повеќе се користи множина, наместо еднина за вирусот кој ја предизвика најголемата пандемија во 21 век досега.

Имено светските медиуми се почесто го користат називот корона вируси, наместо корона вирус алудирајќи на неколку работи:

Составот

Вирусот има сложен состав, тој е мултикомпозиционален. Според српскиот пулмолог д-р Несторовиќ можно е да содржи и дел од ДНК структурата на ХИВ вирусот поради должината на инкубацијата и имунолошките реакции кои ги предизвикува.

Типови

Се појавија хипотези дека станува збор за дури три различни типа на корона вирус кои се појавија низ светов. Тип А се појави најпрво во Кина, потем помалку агресивен тип Б се појави во Европа и можеби најагресивниот тип Ц се појави во САД.

Ефекти

Ефектите кај заразените од корона вирусот беа различни. Скоро сите пациенти имаа различни симптоми, некои имаа поблаги симптоми и од настинка, додека кај други заразата предизвика фатални исходи.

Одговори

Пандемијата бараше инклузивен и глобален пристап во нејзиното решавање, но секоја национална влада на различен начин одлучи да се справува со последиците и да воведува различни механизми на заштита. Додека во Шведска сите имаа слобода на движење, во некои делови од светот вклучително и во Македонија луѓето беа заклучувани во своите домови некогаш подолго и од 80 часа.