дома информација вест Комшија на комшија е волк!

Комшија на комшија е волк!

1239
0

Ангел Данов добил необична пријава од своите соседи поради тоа што седел во својот двор додека се изолирал поради корона вирусот.

Во изјава за ФОКУС тој истакнува:

„И покрај тоа што ги почитував сите мерки на заштита, сепак на шести август добив позитивен резултат. Имав температура 24 часа, затоа и се тестирав, а за целото време, уште од кога се посомневав на вирусот, постапив според здравствените протоколи, се изолирав.

Во изолација е и моето семејство. И покрај тоа што сега сум без симптоми, останувам дома, до добивањето на два негативни резултати од тестови, како што налага законот.

Но, имав непријатно изненадување, кога полицијата ми кажа дека мои соседи ме пријавиле, бидејќи сум седел во сопствениот двор!

Тоа не е никаков прекршок, нормално дека седев сам, немав контакт со никого. Полициските службеници веднаш, во старт ми кажаа дека пријавата е отфрлена, бидејќи е неоснована, но сето ова е показател на менталниот склоп на поединци“ – појаснува Ангел Данов, новинар и уредник во КТВ во интервју за Фокус.