По повеќемесечни одложувања, „Тенет“ на Кристофер Нолан конечно се појави во американските кино сали во текот на викендот и заработи повеќе од 20 милиони долари од продажбата на билети, а на странските пазари дополнителни 78,3 милиони, од кои што 30 милиони долари отпаѓаат на Кина.
Како мерка за спречување на ширење на корона вирусот, киносалите беа затворени, а љубителите на филмската уметност можеа да уживаат само во домашни услови.
Филмот „Тенет“ ја имаше најголемата зароботувачка на филм во САД од почетокот на пандемијата.
„Тенет “штотуку започнува во САД и има повеќе кина што ќе бидат отворени во следните недели и како што луѓето почнуваат да се чувствуваат поудобно кога одат во затворени простории, филмот веројатно ќе забележи стабилна прогресија кон уште поголем и подобар резултати изјави Пол Дергарабедијан, виш медиумски аналитичар во Комскор за CNBC
Кај нас кино салите се сеуште затворени согласно препораките на Владата.
Извор: CNBC